|
Информација за 5 конгрес на ЗРТМ
Од 10-12.09.2010 година се одржа 5 конгрес на ЗРТМ. На истиот присуствуваа 142 учесници и гости. Општа оцена е дека конгресот е многу успешен и организационо и стручно. Организацијата на конгресот беше исклучиво од членови на ЗРТМ. Членови на конгресниот одбор беа: Јовчевски Дејан, Андоновски Димитар, Ибушоски Ведрит, Неделковски Зоран, Андоновска Костадинка, Костовски Владо, Митревски Трајче, Неделковски Филип и претседател на конгресниот одбор Мирослав Костадинов.
Сите членови на одборот со максимален ангажман ги извршуваа сите задачи и непредвидени ситуации, и успехот не изостана. Стручниот дел на конгресот беше на највисоко ниво. Беа претставени 16 одлични презентации од кои една беше од странство, 12 презентации беа од дијагностика радиологија, а 4 од радиотерапија. На конгресот земаа учество и две странски делегации од Србија и БиХ.
Претседател на конгресиот одбор
Мирослав Костадинов |
|