ЗА НАС РАКОВОДСТВО АКТИВНОСТИ ЧЛЕНСТВО ИНФО КОНТАКТ
         
 

Информација за 6ти конгрес на ЗРТМ

 

    Од 29.09-01.10.2012 година се одржа  6ти конгрес на ЗРТМ. На истиот присуствуваа 154 учесници и гости. Општа оцена е дека конгресот е многу успешен и организационо и стручно. Организацијата на конгресот беше исклучиво од членови на ЗРТМ. Членови на конгресниот одбор беа: Андоновски Димитар, Ибушоски Ведрит, Неделковски Зоран, Андоновска Костадинка, Костовски Владо, Митревски Трајче, Неделковски Филип и претседател на конгресниот одбор Мирослав Костадинов.
Сите членови на одборот со максимален ангажман ги извршуваа сите задачи и непредвидени ситуации, и успехот не изостана. Стручниот дел на конгресот беше на највисоко ниво. Беа претставени 24 одлични презентации од кои 12 беа од странство, 12 презентации беа од дијагностика радиологија, а 4 од радиотерапија. На конгресот земаа учество и четири странски делегации од Србија, Хрватска, Војводина и БиХ.

Претседател на конгресиот одбор
Мирослав Костадинов

 
         
   
   
   
   
   
         

 

ЕФРС
ЗА НАС АКТИВНОСТИ ЧЛЕНСТВО ИНФО КОНТАКТ РАКОВОДСТВО