ЗА НАС РАКОВОДСТВО АКТИВНОСТИ ЧЛЕНСТВО ИНФО КОНТАКТ
       
       
 

Активностите на ЗРТМ ќе ги презентираме од минатиот период, сегашни и идни.
Активностите на ЗРТМ во основа беа насочени кон едукација и  стручно дооспособување. Тоа се реализираше преку семинари, конгреси, курсеви во организација на ЗРТМ. Со формирањето на комората на радиолошки технолози која работи во склопот на ЗРТМ, се зголеми повеќекратно обсегот  на делување во  сите свери на општествениот живот од интерес на радиолошките технолози.
Што е се направено во изминатиот период од ЗРТМ се разбира од раководството?
 Уште 1986год. на иницијатива на ЗРТМ односно на тогашното  раководство беше реактивирана бишата школа за радиолошки техничари на Медицинскиот факултет во Скопје, по 13 годишен прекин, бидејки се укажа потреба од голем број на радиолошки техничари.
Вишата школа за радиолошки техничари даваше кадри до 2002 год. По приемот на ЗРТМ во ISSRT  на иницијатива на здружението се отвори првата висока школа за радиолошки технолози во Р.М. Во креирањето на програмата  на високата школа учествувааа двајца радиолошки технолози, членови на раководството при ЗРТМ, особено во стручниот дел. Првите радиолошки технолози со високо образование завршија кон крајот на 2004 год. Со тоа се отвори можност за доедукација на околу 300 радиолошки технолози со вишо образование.
Во периодот од 2005 - 2007 год. ЗРТМ водеше тешка битка со бирократијата на високото образование. Беа испратени безброј писма, дописи, одржани беа многу состаноци со релевантните фактори од оваа свера, сепакна крајот успеа да ја постигне целта.
Во зимскиот семестар од 2007 год. Беше овозможено запишување на студенти за доедукација на медицинскиот факулетет во Скопје. За жал условите беа многу лоши, програмски и финансиски.
Управниот одбор на својот состанок реши да го бојкотира уписот со цела да се подобрат условите (предмети и школарина) но беше направена многу мала корекција. За жал некои од членовите на ЗРТМ не го почитуваа бојкотот (околу 15%).
Во средината на 2007 год. Беше отворена и акредитирана (меѓународно) висока школа за радиолошки технолози на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Раководството имаше информации и при крајот на август 2007 год. Беше остварен еден од многуте состаноци, комора на радиолошки технолози – деканат на високата школа . По неколку одржани состаноци беа прифатени сите барања на ЗРТМ односно комората, во програмска смисла.
Во учебната 2007-2008 год. Беа запишани 243 радиолошки технолози на Универзитетот во Битола, а организирани од претседателот и одговорниот за едукација во комората, успешно го завршија дошколувањето. На крајот на јуни 2008 год. околу 90%  од запишаните дипломираа. Ова беше голем проект, и се смета за најголем во високото образование во РМ.
Веднаш потоа претседателот на комората и ЗРТМ испрати циркуларно писмо до сите директори на болници во РМ, во склад со одлуките на министерството за здравство, и колективниот договор за оние кои дипломирале да го валоризираат во реалниот живот.
Исто така регионалните застапници  на комората направија голем број на активности за реорганизација на високото образование во реалноста. Сите овие активности од претседателот и сите членови на управниот одбор дадоа резултат, и за неколку месеци околу 80% од радиолошките технолози ги остварија желбите од својот труд (дошколувањето). Во моментов овој процен те 85% .

Меѓутоа не се оставени останатите 15%  радиолошки технолози и се прават напори тоа да се оствари. Покрај другото  во тој правец претседателот имаше средби со министерството за здравство и  државниот секретар за здравство. Резултат: ветување дека што е можно поскоро се реши овој апсурден проблем. Од сите овие случувања управниот одбор заклучи дека сепак е во прашање човечки фактор(законите се на страна на радиолошките технолози). Градови во кои не е реализирано законското право на радиолошките технолози во јавни (државни) здравстврни установи: Велес(10 рт) Кумаово(8рт) Штип( 10 рт) Прилеп( 11 рт) Гевгелија (3рт). Секоја чест на приватните радиолошки установи кои многу повеќе го ценат знаењето. Во наредниов период ЗРТМ планира 5ти конгрес во септември 2010г, за што посебна информација комората на рад.технич има одлична соработка со комората на здравствени работници на РМ и во кој скоро време ке биде потпишан договор за соработка и поддршка.
 
       
       
       

 

ЕФРС
ЗА НАС АКТИВНОСТИ ЧЛЕНСТВО ИНФО КОНТАКТ РАКОВОДСТВО