Skip to main content

ЗРТМ (Здружение на Радиолошки Технолози на Македонија)

Најава за курс: Петти „Train the RTT Trainers“ во Скопје

Со големо задоволство и чест ве покануваме да учествувате на петтиот по ред „Train the RTT (Radiation Therapists) Trainers“ курс, кој ќе се одржи на 31 мај 2025 година во просториите на Медицинскиот факултет во Скопје.

Овој курс е организиран од страна на Радолошките технолози на УКРО Скопје и има за цел да ги зајакне знаењата и практичните вештини на радиотерапевтите во спроведувањето на безбедносните мерки во радиотерапијата. Обуката е насочена кон обезбедување максимална заштита на пациентите, медицинскиот персонал и животната средина.

Програма на курсот:

  • Заштита од радијација
  • Безбедност на пациентите и персоналот
  • Стандардни оперативни протоколи

Настанот ќе биде поддржан од врвни предавачи и ќе вклучува и теоретски и практични сесии. Учесниците ќе имаат можност да се вклучат во панел дискусии, каде ќе споделуваат искуства и ќе соработуваат за унапредување на безбедносните практики во радиотерапијата.

Место на одржување:

Медицински факултет, Скопје
Адреса: 50-та Дивизија бр.6, 1000 Скопје, Северна Македонија

За курсот:


Ве охрабруваме да го искористите ова уникатно образование за професионален развој и зајакнување на безбедносните стандарди во вашата работа!

Не пропуштајте ја оваа важна можност за учење и соработка во областа на радиотерапијата!


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *