Skip to main content

ЗРТМ (Здружение на Радиолошки Технолози на Македонија)

📢 12-ти Конгрес на Здружението на радиолошки технолози на Македонија

Со особена чест и задоволство ви го најавуваме 12-тиот Конгрес на Здружението на Радиолошки Технолози на Македонија, кој ќе се одржи од 18 до 20 септември 2026 година во Хотел Дрим, Струга, Република Македонија.

Настанот ќе обедини радиолошки технолози, реномирани професори, доктори и медицински физичари од Македонија и странство, кои ќе ги презентираат најновите достигнувања во областа на дијагностичката радиологија, радиотерапијата, нуклеарната медицина, интервентната радиологија како и радијационата заштита.

Конгресот претставува единствена можност за:

  • Размена на стручни знаења и искуства
  • Научни и стручни предавања
  • Презентација на современи технологии и иновации
  • Професионално вмрежување и соработка

Ги покануваме сите радиолошки технолози, доктори, професори, медицински физичари, студенти и останати здравствени професионалци да бидат дел од овој значаен научно-стручен настан.

📅 Конгресот ќе се одржи од 18 до 20 септември 2026 во Хотел Дрим, Струга

Постер за 12-тиот Конгрес на Здружението на Радиолошки Технолози на Македонија, Хотел Дрим, Струга, 18–20 септември 2026.

Наскоро ќе бидат објавени деталната програма, листата на предавачи и информациите за регистрација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *