Skip to main content

ЗРТМ (Здружение на Радиолошки Технолози на Македонија)

Здружението на Радиолошки Технолози на Македонија, со поддршка од Винарската визба „Тиквеш“, донираше инфузомат на Одделот за детска онкологија при Клиниката за детски болести.

Оваа донација претставува значаен придонес кон унапредувањето на условите за лекување и обезбедувањето поквалитетна здравствена грижа за најмладите пациенти. Како здружение, остануваме посветени на поддршката на здравствениот систем, промовирањето на хуманоста и поттикнувањето на општествената одговорност.

Упатуваме искрена благодарност до Винарската визба „Тиквеш“ за поддршката, довербата и препознавањето на значењето на ваквите хуманитарни иницијативи. Заеднички продолжуваме да придонесуваме за позитивни промени таму каде што се најпотребни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *