БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ВО РАДИОТЕРАПИЈА
Тренинг курсот е дел од проектот ESTRO -IAEA Improving Clinical Practice in Radiation Oncology RERR 6040 во кој што беа вклучени:
Дипл.РТТ Благица Ангеловска Ѓорѓиевска
Дипл.РТТ Даринка Крмзова

Почитувани колеги и соработници,
Со особена чест и задоволство ви го пренесуваме впечатокот од успешно реализираниот едукативен курс на тема „Безбедносни мерки во радиотерапија“, кој се одржа во пријатна и професионална атмосфера. Настанот собра стручњаци од областа на радиолошката технологија, медицинската физика и радиотерапијата, со заедничка мисија да ги унапредиме стандардите за безбедност, заштита и квалитет во секојдневната клиничка практика. Преку предавања, интерактивни сесии и дискусии, се осврнавме на клучните аспекти од заштитата на пациентот, персоналот и опремата, истакнувајќи ги современите протоколи и добри практики што се применуваат на меѓународно ниво.
Овој курс претставува значаен чекор кон градење на култура на безбедност и континуирана едукација во радиотерапевтската служба, а вашиот интерес и учество се доказ дека инвестицијата во знаење е највредната алатка за професионален развој и грижа за пациентите.
Ви благодариме што бевте дел од ова искуство. Ви посакуваме топло и сончево летои и со нетрпение очекуваме да се сретнеме повторно на идни настани.




















