Skip to main content

MSRT (Macedonian Society of Rediological Technologist)

+389 78 497 877
Majka Tereza 17, Skopje

Од 4 до 6 октомври 2024 година, во Охрид се одржа 11-тиот Конгрес на Здружението на радиолошки технолози на Македонија. Овие три дена прикажаа мултидисциплинарна програма со теми од областа на радиологијата, нуклеарната медицина и онкологијата.

„Радиолошките технолози претставуваат битна алка во дијагностичкиот и терапевтскиот пристап на пациентите. Развојот на технологијата неминовно го наметнува процесот на вакви едукативни настани. Новите дијагностички модалитети и терапевтски можности мораме да ги споделуваме на разни едукации, семинари и конгреси, со цел да ги имплементираме во нашите протоколи за подобра грижа на нашите пациенти.”

На конгресот беше организирана донаторска вечер подржана од ВВ Тиквeш. Собраните средства ке бидат донирани на Универзитетската Kлиника за детски болести оддел Онкологија Скопје.