ЗА НАС РАКОВОДСТВО АКТИВНОСТИ ЧЛЕНСТВО ИНФО КОНТАКТ
     
 

Информација за 9 конгрес на EFRS

 Од 17-19.09.2010 година во Белград, Србија се одржа 9ти Централноевропски конгрес. На овој конгрес присуствуваа двајца членови на ЗРТМ, претседателот и еден член. Значењето на овој конгрес е во тоа што  на истиот беше и официјално примено Македонското здружение на радиолошки технолози MSRTво Европската федерација на радиографери и радиолошки технолози(EFRS).  Беа предадени и потпишани многу документи како дел од апликацијата  за EFRS и во сите сегменти ги исполнивме условите барани од EFRS. Имаше мал проблем од една делегација(не беше официјална) во врска со името на нашата држава и нашето здружение, меѓутоа сите членови на раководството на чело со претседателката на EFRS Саја Ван Тирс од Холандија дадоа максимална поддршка  на MSRT.
Инаку EFRS брои 32 здруженија и 30 универзитети од Европа и истато е под ингеренција на Европската комисија во делот за едукација и здравство.
Членството на MSRT во Европската федерација отвара нови можности за членовите на  MSRT посебно за помладите. На конгресот вториот член од  MSRT Маноилов Михајло настапи со постер презентација која беше отценета како една од најдобрите. Македонското здружение на радиолошки технолози во  EFRS ќе го претставуваат Мирослав Костадинов – претседател на  MSRT и Андонов Димитар – потпретседател на  MSRT.
Нека ние со среќа во Европското семејтво

Претседател MSRT(ЗРТМ)
спец.рад.технолог

Мирослав Костадинов

 

 
     

 

ЕФРС
ЗА НАС АКТИВНОСТИ ЧЛЕНСТВО ИНФО КОНТАКТ РАКОВОДСТВО